Ендрик даде гол и собори рекорд стар 106 години, па прослави во стилот на Халанд (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Синоќа се
појавија информации дека ПСЖ понудил 20 милиони евра за услугите на новото чудо
од дете Ендрик, но Палмеирас го одбил предлогот и бара 35-40 милиони за својата
млада ѕвезда.

Неполни 24 часа
подоцна, Ендрик покажа дека е вонсериски талент, и го постигна својот прв гол
во сениорскиот тим на Палмеирас.

Како што
пренесува Глобо, Ендрик соборил рекорд стар 106 години и со 16 години, три
месеци и пет дена, станал најмладиот стрелец во историјата на Палмеирас.

Ендрик голот го
прослави во стилот на Ерлинг Халанд, но ќе почека да блеска на иста сцена со
Норвежанецот бидејќи не може да направи трансфер во Европа до 2024 година, кога
ќе наполни 18 години.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани