Јувентус синоќа загуби со 4-3 на гостувањето кај Бенфика, а можеше да го снајде и вистински дебакл со оглед на тоа што губеше со 4-1.
За првпат во својата историја, Јувентус има четири порази од пет натпревари во Лигата на шампионите.
Ова за Јувентус беше прва елиминација во групната фаза од сезоната 2013-2014.
Многумина се прашуваа што ќе се случи со Алегри после ова, дали тој ќе добие отказ. Италијанските медиуми тврдат дека Ањели нема да прави тренерска смена, барем не наскоро.
Јувентус не само што е елиминиран од Лигата на шампионите, туку во последното коло ќе има предизвик да дојде до Лига Европа. Тие имаат исто бодови со Макаби Хаифа која ја пречекува Бенфика, додека Јуве е домаќин на ПСЖ.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.