Почна наддавањето за 16 годишното чудо од дете не Палмеирас, ПСЖ на маса ставил 20 милиони

by
1 минути читање

16 годишниот
Ендрик се најавува како следната фудбалска ѕвезда, скаути на гигантите од
Европа подолго време во бележникот го имаат младиот напаѓач на Палмеирас.

Медиумите од
Бразил сега пишуваат дека започнало наддавањето за новото чудо од дете, ПСЖ на
маса ставил 20 милиони евра, и наскоро советникот Луис Кампос ќе замине во Јужна
Америка на директни и конкретни преговори.

Оваа сума сепак
не е доволна за трансфер, Палмеирас бара помеѓу 35 и 40 милиони евра за
продажба на Ендрик.

Сега на потег се
останатите гиганти, Барселона неодамна опипа терен за ангажман на напаѓачот, но
не достави конкретна понуда и се верува дека „каталонците“ во моментов не можат
да си дозволат еден ваков трансфер.

Но затоа се
очкува реакција од Реал Мадрид, „кралевите“ знаат како да комплетираат вакви
зделки откако изминативе години беа договорени трансферите на Винисиус Жуниор и
Родриго. 

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×