Барселона е на
прагот на нова елиминација во групната фаза од Лигата на шампиони, резултатот
на утрешниот дуел проитв Баерн Минхен нема да им биде од никакво значење
доколку Интер претходно слави против Викторија Плзен.
Запрашан дали
веќе се подготвува за настав во второто по ранг натпреварување и дали анализира
можни противници, Чави вели: „Не, во моментов не го правиме тоа. Утре ќе излеземе
да се надигруваме со Баерн, претходно сите заедно во соблекувалната ќе го
гледаме натпреварот на Интер“.
„Доколку на
крајот мораме да играме во Лига Европа, ќе се бориме како лавови за да ја освоиме,
но ќе видиме што ќе се случи“.
Неодамна Жозе
Мурињо имаше зајадлив коментар и рече дека ќе биде интересно кога неуспешните
ајкули од Лигата на шампиони ќе се приклучат во Лига Европа.
„Немам што да му одговорам
на Мурињо, доколку играме во Лига Европа, ќе се надигруваме со сите“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.