Роналдо одбил да сведочи, 16 директори на Јувентус се сомничат за измама од преку 200 милиони

by
1 минути читање

Минатата година,
финансиска полиција влезе во канцелариите на Јувентус, се вршеа претреси на
документи за трансфери поради сомнежи за „штелување“ на сметките, односно лажно
сметководство и лажни известувања до берзите.

Обвинителството
од Торино синоќа ги известило директорите на Јувенус и членовите на бордот за
резултатите на прелиминарната истрага.

Под истрага се 16
лица помеѓу кои претседателот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, генералниот
извршен директор Маурицио Аривабене и поранешниот спортски директор Павел
Недвед.

За
обвинителството се спорни финансиските изветаши за 2018, 2019 и 2020 година во
кои е направена измама од преку 200 милиони евра со помош на фиктивни капитални
добивки и маневар со платите.

„Старата дама“ се
товари дека намерно ги „дувала“ цените на фудбалерите кои биле трампани со цел
да се забележи капитална добивка при трансферите а потоа да се искаже и помала
загуба, а со тоа и помалу последици на берзата. Но сите досегашни истраги за „фиктивни
капитални добивки“ не вродоли со плод бидејќи нема алгоритам со кој ќе се утврди точната
вредност на некој фудбалер.

Обвинителството
можеби ќе има повеќе среќа со втората точка, односно маневарот со платите.

Кога фудбалот запре
поради ковид-19 пандемијата, Јувентус соопшти дека фудбалерите се сложиле да се
откажат од 4 плати и да помогнат да се заштедат 90 милиони евра. Во реалност,
фудбалерите се откажале само од една плата и потпишале приватни договори со
Јувентус дека ќе им се врати се она што им се должи, дури и ако направат трансфер
и го напуштат клубот.

Обвинителите
разговарале и со неколку фудбалери, но не и со Кристијано Роналдо, адвокатите
на Португалецот ги известиле истражителите дека во моментов фудбалерот на Манчестер јунајтед нема намера да
соработува.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×