Летото во 2021
година, Лео Меси ја напушти Барселона по 21 година помината во клубот. Во
неколку турбулентни месеци, напаѓачот замина на Копа Америка како слободен играч
откако му истече договорот, но сè укажуваше на тоа дека Жоан Лапорта ќе најде
начин како да го задржи Аргентинецот.
И кога сè беше подготвено
за Лео Меси да ја продолжи верноста, Барселона соопшти дека се повлекува од
преговорите и покрај тоа што е постигнат договор бидејќи правилата на Ла Лига за финансиски фер плеј не им дозволуваат
да го задржат фудбалерот.
„Бевме на Копа
Америка и Лео Меси во својата соба го имаше новиот дрес на Барселона“ –
раскажува сега Кун Агуеро.
„На секој два-три
дена ми велеше, „Мислам дека ќе го продолжам договорот, ајде да направиме фотка
со дресот на Барсa““.
Кун Агуеро, кој
тоа лето пристигна на Камп Ноу и очекуваше да игра покрај својот добар
пријател, потоа откри како реагирал на вестите дека Лео Меси заминува.
„Мислев дека
некој ги хакирал социјалните мрежи на Барса. Си велев, ова е некоја шега. Бев
со Ибаи (познат стример на Твич), пиевме мате и одеднаш… тој погледна во
телфонот и рече, „Нема шанси! Дали ова е вистина?“ Ми го покажа телефонот со
соопштението од Барса. Му реков, „Ибаи, пријателе, ова не е возможно“. Му кажав
дека сигурно се работи за хакирање… но откако соопштението со часови стоеше
на социјалните мрежи си реков, „Знаеш што? Очигледно не се работи за хакирање““.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.