Кога Роналдо има проблем, сестра му секогаш се јавува на социјалните мрежи, сега го спореди со Исус, а цитираше и изјава од Мурињо

by
1 минути читање

Роналдо ги поминува најтешките денови од својата кариера, тој не е навикнат да седи на клупата, а под водство на Тен Хаг тоа му се случува често.

По инцидентот на мечот со Тотнем и казната која ја доби од Тен Хаг со исфрлување од тимот, сестрата на Роналдо повторно се јави преку социјалните мрежи.

Таа најпрво го спореди Роналдо со Исус.

„Постои стих во Библијата кој вели: Овој човек ви е предаден со божји план и со помош на злите ќе го убиете со распнување на крст“, а потоа цитираше и изјава од Мурињо: „Ако не си во состојба да ги тренираш најдобрите, не можеш да тренираш никого“.

Роналдо денеска треба да има состанок со Тен Хаг по кој ќе се знае дали ќе се врати во тимот.

Во меѓувреме актуелни се шпекулациите за негово заминување од Олд Трафорд во јануари, а како следна дестинација која најчесто се споменува е Челси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×