Боли сакаше да го ангажира Роналдо уште во летниот преоден рок, но тогаш Томас Тухел не го сакаше португалскиот фудбалер во својот тим. Германскиот стратег имаше поинакви замисли, но со неговото заминување работите се менуваат.
Сопственикот на Челси во јануари ќе има нова можност да дојде до Роналдо, а наводно и Грем Потер е отворен за пристигнување на играчот на Манчестер јунајтед.
Дел од англиските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед нема да му прави проблем на Роналдо да направи трансфер, дури се подготвени и бесплатно да го пуштат.
Тен Хаг смета дека е подобро Роналдо да си замине, отколку да остане и да шири негативна енергија во тимот кога нема да добие шанса да игра.
Роналдо е премногу голем за да седи на клупата за резерви, тоа го знае Тен Хаг бидејќи по мечот со Тотнем во центарот на вниманието беше Португалецот, а не добрата игра на Манчестер јунајтед, веројатно и најдобра оваа сезона.
Челси има потреба од напаѓач и со Роналдо би добил мотивиран играч кој ќе сака да докаже дека Тен Хаг не бил во право што го држел на клупа, а Манчестер јунајтед би се ослободил од незадоволен фудбалер кој има големо влијание.
Ако вака се постават работите се чини дека сите имаат корист од преселба на Роналдо во Челси, но дали тоа ќе се случи, ќе се знае за некој месец.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.