175
По ремито со Болоња и поразот од Рома, Дејан Станковиќ денеска се израдува на првата победа во италијанската лига.
Текот на мечот можеби ќе беше поинаков ако Кремонезе во седмата минута реализираше пенал. Десерс промаши од белата точка.
Единствениот гол на натпреварот се случи во 78. минута кога дефанзивецот на Сампдорија, Коли постигна гол за водство и победа од 1-0.
Во следното коло Станковиќ со Сампдорија му гостува на својот Интер каде го помина најголемиот дел од кариерата.