Бобан: Мечот меѓу Динамо и Милан нема да биде лесен за мене

by
1 минути читање

Бобан својата сениорска кариера ја почна во Динамо Загреб, а потоа се пресели во Милан каде остана до пензионирање.

Утре Динамо Загреб го пречекува Милан во меч од Лигата на шампионите кој може да биде клучен за росонерите.

„Милан може да победи во Загреб, квалитетот е на страната на росонерите. Но Динамо е тежок тим и ќе се бори, тоа нема да биде лесен меч ниту за мене, тоа се двата тима во мојот живот, десет години во Загреб и десет години во Милан“, вели Бобан.

Тој смета дека Милан мора да инвестира во составот за да остане на врвот во Италија.

„Во Милан има фудбалери кои се на нивото на Лигата на шампионите и има позиции кои може да се засилат. Тоа зависи од амбициите на клубот, колку многу сакаат да инвестираат за да бидат на врвот“.

„Треба да размислувате амбициозно, во спротивно тешко дека Милан ќе се врати на она што беше некогаш“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×