Луд расплет во Аргентина, Ривер победи и донесе титула на наголемиот ривал, Бока! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Бока сама си решаваше за титулата, но одигра 2-2 против Индепендиенте и работите беа во рацете на Расинг кој ако ја победеше екипата на Ривер ќе дојдеше до трофејот.

Мечот меѓу Расинг и Ривер беше исклучително возбудлив.

Расинг имаше водство со гол на Рохас во 56. минута, но во 80. минута Ривер израмни преку Броха.

Во 90. минута Расинг имаше пенал, Галван шутираше за победа која ќе значеше титула, но голманот Армани го одбрани неговиот удар.

Во 95. минута Броха даде гол за победа на Ривер и ги реши сите дилеми околу титулата. Бока јуниор стана шампион!

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани