Прво реми на Арсенал оваа сезона, само 1-1 кај Саутемптон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Арсенал загуби два бода од гостувањето кај Саутемптон, топчиите не ја продолжија победничката серија и за првпат оваа сезона одиграа нерешено.

А почетокот не го наговестуваше тоа, Џака погоди во 11. минута за водство на Арсенал од 1-0.

Во 65. минута Амстронг го изедначи резултатот на 1-1.

Фановите на Арсенал се бесни на судијата откако не  беше досуден барем еден пенал за нив, а имаше неколку спорни ситуации во шеснаесетникот на Саутемптон.

Фулам ја продолжи одличната форма откако со 3-2 славеше на гостувањето кај Лидс.

Митровиќ даде еден гол, по еднаш погодија Рид и Вилијан. Родриго и Самервијал беа стрелци за Лидс.

Лестер со убедливи 4-0 победи на гостувањето кај Вулвс. Тилеманс, Барнс, Медисон и Варди беа стрелци на головите.

Со истиот резултат Астон Вила го совлада Брентфорд. Ингс даде два гола, по еднаш погодија Бејли и Воткинс.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×