Кристијано
Роналдо оваа недела креираше нова бура откако не го дочека последниот свиреж на
судијата и нервозно се упати во соблекувалната на натпреварот против Тотнем.
Манчестер
јунајтед потоа го испрати Португалецот да тренира со младинците и го исфрли од
тимот за дуелот со Челси, а Ерик тен Хаг откри дека ЦР7 одбил да влезе во игра
против Тотнем, и со оглед на тоа дека веќе еднаш се однесувал неприфатливо,
морал да биде казнет.
Ваквиот развој на
настаните уште еднаш ја стави под знак прашалник иднината на Кристијано Роналдо
на Олд Трафорд и денеска повторно се појавија гласини за негов трансфер во
Челси, напаѓачот е подготвен да прифати помала плата за да се реализира зделката.
Изминатово лето
често се пишуваше дека новиот сопственик на „сините“, Тод Боли сакал да го
ангажира Кристијано Роналдо, но Томас Тухел не давал зелено светло за еден
ваков трансфер.
Сега кога
Германецот повеќе не е тренер, Тод Боли повторно прави напори да го донесе
Кристијано Роналдо, бизнисменот од САД е особено привлечен од огромниот
маркетинг потенцијал на Португалецот.
Запрашан дали Тод
Боли му ја презентирал идејата да го ангажираат Кристијано Роналдо, новиот
тренер Грем Потер рече: „Никогаш не зборувам за играчи кои не играчи на Челси“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.