Крикет легенда „распали“ по Јунајтед: Не сакам да бидам поврзуван со клуб кој има кловн за тренер! (ФОТО)

by
1 минути читање

Клубот од Олд Трафорд сакаше да го промовира Т20 Светскиот куп во крикет, па објави пост на социјалните мрежи во кој имаше слика од легендата на овој спорт, Кевин Питерсен.

Но „ѓаволите“ беа приморани да го избришат постот откако Кевин Питерсен жестоко „распали“ по Ерик тен Хаг за начинот на кој Холанѓанецот го третира Кристијано Роналдо.

„Ве молам да ја тргнете мојата слика, не сакам да бидам поврзуван со клуб кој има кловн за тренер, кој покажува огромно непочитување кон најдобриот фудбалер на нашето време! Кристијано Роналдо е шефот. Кловнот, на кој никој нема да се сеќава, треба да го освестите!“ – гласеше пораката на Кевин Питерсен, кој очигледно застана на страната на ЦР7.

Кристијано Роналдо во четвртокот беше отстранет од првиот тим и нема да биде во комбинација за дуелот со Челси откако не го дочека последниот свиреж против Тотнем и нервозно се упати во соблекувалната.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×