На почетокот од оваа недела, Гави беше прогласен за најдобар млад фудбалер во светот, на церемонијата во Париз и изборот на „Франс Фудбал“ ја доби наградата „Копа трофеј“.
Тренерот на Баерн Минхен, Јулијан Нагелсман го оспори гласањето и рече дека во Бундеслигата има двајца подобри од Гави, односно Џамал Мусиала и Џуд Белингам.
Но денеска пристигна ново признание за квалитетите и партиите на Гави, младата ѕвезда на Барселона ја доби наградата „Златно момче“ на Тутоспорт.
Гави и до оваа награда стигна пред Џамал Мусиала и Џуд Белингам, па останува да се види дали Јулијан Нагелсман ќе има нова реакција.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.