Куртоа не се помирува со фактот дека напаѓачите ја земаат целата слава: Голманите се многу поважни од тоа што мислите

by
1 минути читање

Тибо Куртоа го крена гласот откако заврши како седми во гласањето на „Франс Фудбал“ за престижната индивидуална награда „Златна топка“.

Голманот на Реал Мадрид очигледно тешко се помирува со фактот дека напаѓачите ја земаат целата слава па во разговор со „Л’Екип“ испрати нови замерки.

„Минатата сезона не ја освоивме Лигата на шампионите само поради Винисиус, Валверде, Бензема или Родриго. Ја освоивме и благодарејќи на Куртоа“ – вели голманот од Белгија.

„Модерниот голман повеќе не е само за да брани. Во Реал Мадрид, јас ги започнувам акциите, јас со првото додавање одредувам како ќе почне нападот или како ќе се ослободиме од притисокот на противникот. Во денешно време играме како плејмејкери… голманите се многу поважни од тоа што луѓето мислат“.

„Без квалитетен голман нема шанси да освоите трофеи и ова често се заборава кога се додлеуваат наградите. Луѓето секогаш брзаат гласот да го дадат за напаѓач кој постигнува голови наместо за голман. Штета. Но ние ќе продолжиме да покажуваме дека голманите се навистина важни“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×