Тен Хаг откри дека Роналдо одбил да влезе во игра и порача: Еднаш му прогледав низ прсти…

by
1 минути читање

Ерик тен Хаг ја раскажа својата страна од скандалозните случувања на дуелот против Тотнем кога Кристијано Роналдо не го дочека последниот свиреж на судијата и нервозно се упати во соблекувалната.

„Тоа што разговоравме останува помеѓу мене и него. Соопштението е јасно, во него стои дека тој останува важен дел од тимот“ – вели Ерик тен Хаг.

„Јас сум тренерот, јас сум одговорен за културата во тимот. Морам да поставам стандарди и вредности и морам да ги контролирам“.

„По натпреварот против Рајо, кажав дека тоа што го направи е неприфатливо. Кога сега го повтори истото, мора да има последици. Фудбалот е тимски спорт и мора да ги почитувате стандардите“.

„Нема да игра утре, ќе биде недостаток за составот, но мислам дека е важно за однесувањето и менталитетот на групата“.

Запрашан дали Кристијано Роналдо одбил да влезе во игра, тој кратко одговори: „Да, Кристијано одби да влезе против Тотнем“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×