Тен Хаг ќе го „удри“ Кристијано Роналдо по џебот, Португалецот доби астрономска казна

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо креираше нова бура откако во средата не го дочека последниот свиреж на
судијата и нервозно се упати во соблекувалната. Се шпекулира дека Португалецот
не сакал ниту да ги почека соиграчите за да ја прослави победата од 2-0, и си заминал дома.

Манчестер
јунајтед реагираше веднаш, „ѓаволите“ синоќа соопштија дека Кристијано Роналдо
привремено е исфрлен од првиот тим и нема да биде во комбинација за дуелот
против Челси.

Како што
пренесува Дејли Стар, Кристијано Роналдо ќе добие и парична казна. Со оглед на
тоа дека напаѓачот има високи примања, казната ќе биде астрономска и ќе
изнесува околу 1 милион фунти.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×