Роналдо се јави со соопштение откако Тен Хаг го исфрли од тимот за дуелот со Челси (ФОТО)

by
1 минути читање

Ерик тен Хаг го отстрани Кристијано Роналдо од тимот на Манчестер јунајтед поради неговото однесување на дуелот со Тотнем. Португалецот нема да биде дел од мечот со Челси и дотогаш ќе тренира сам.

Роналдо брзо излезе со соопштение во кое на некој начин ја признава грешката и ветува дека ќе работи напорно за да се врати во тимот.

„Како што и секогаш правев во мојата кариера, се трудам да живеам и играм со почит кон моите колеги, моите противници и моите тренери. Тоа не се променило. Јас не се променив. Јас сум истата личност и истиот професионалец каков што бев играјќи во елитниот фудбал 20 години, и почитта отсекогаш играла многу важна улога во донесувањето на моите одлуки“, вели Роналдо.

„Почнав многу млад, постарите и најискусните фудбалери секогаш ми беа многу важни. Затоа, подоцна, отсекогаш се трудев да бидам пример за помладите кои созреваа во сите тимови каде што играв. За жал, тоа не е секогаш возможно и понекогаш жестината на моментот нè надвладува“.

„Во моментов, само чуветвувам дека треба да продолжам да работам напорно во Карингтон, да ги поддржувам моите соиграчи и да бидам подготвен за секој натпревар кој ќе ми биде даден. Предавање под притисокот не е опција. Никогаш не било. Ова е Манчестер јунајтед и обединети мора да останеме. Наскоро повторно ќе бидеме заедно“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×