Феде Валверде имаше одлични партии и во минатата сезона и беше фален од соиграчите, но немаше некој континуитет со кој ќе ја освои и јавноста.
Оваа сезона Валверде блеска, синоќа против Елче постигна уште еден убав гол, па стигнаа пофалби од Карло Анчелоти.
Италијанскиот стратег пред почетокот на сезоната му рекол на Валверде дека ако не даде десет гола оваа сезона, тој ќе си ја скине тренерската диплома и ќе престане да работи. Анчелоти синоќа уште еднаш потсети на тоа.
„Феде Валверде не е нромален! Верувам дека Феде ќе постигне повеќе од 10 голови оваа сезона… па, мојата позиција ќе биде безбедна“, вели Карло Анчелоти.
Валверде досега постигна шест голови, му фалат уште само четири.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.