Де Зебри има лош почеток на клупата на Брајтон, не го победи ниту Нотингем форест

by
1 минути читање

Брајтон беше многу подобар во текот на целиот меч, домаќините имаа 19 шутеви од кои седум во голот на Хендерсон, но не постигнаа гол. За разлика од нив, Нотингем форест ниту еднаш не шутна во рамките од голот на Санчез.

Новиот тренер на Брајтон, Де Зебри има лош почеток на кариерата во Премиерлигата, неговиот тим три меча по ред не може да даде гол.

Тој го водеше тимот на четири меча досега, има две нерешени и два порази. Во воведниот дуел одигра реми против Ливерпул на гости 3-3, но отогаш неговите фудбалери не можат да дадат ниту гол.

Во следното коло Брајтон му гостува на Манчестер Сити, тешко дека Де Зебри на тој терен ќе може да дојде до првата победа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×