Во финишот од преодниот рок Фабијан Руиз од Наполи направи трансфер во ПСЖ.
Сезоната во Серија А веќе беше почната, а Руиз беше исфрлен од тимот на Наполи. Тренираше сам, одвоен од другите.
Тој одбиваше да го продолжи договорот кој му истекуваше во 2023 година, Наполи стравувајќи да не го изгуби беспари, го замрзна отстранувајќи го од тимот.
Сепак пред крајот од преодниот рок ПСЖ и Наполи се договорија и тој замина во Франција.
„Тренирав сам еден месец и требаше да се вратам во форма“, вели Руиз.
„Дали се уште го гледам Наполи? Да, поминав четири години таму, дел од моето срце им припаѓа ним. Многу сум среќен за нив. Имаат одличен старт на сезоната, први се во Серија А и во групата од Лигата на шампионите. Имам пријатели таму и им посакувам се најдобро“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.