Не одиграл ни три месеци, а веќе ќе се снима филм за Кварацхелија и Наполи

by
1 минути читање

21-годишниот грузиски фудбалер изминатото лето од Динамо Батуми се пресели во Наполи за 10 милиони евра, тој дојде како замена за Лоренцо Инсиње.

Кварацхелија веднаш блеска, со импресивните партии ги освои навивачите и сите во клубот, а очигледно посебно возбудени се луѓето во Грузија.

Според „Кориере дело Спорт“, грузискиот новинар и режисер Саломе Бенашвили бил во Наполи и снимал документарен вилм за Кварацхелија и неговата врска со клубот и градот.

Филмот кој ќе се вика Квараманија, треба да излезе на почетокот на следниот месец и ќе биде достапен за гледање и на социјалните медиуми.

Кварацхелија досега постигна седум голови и има осум асистенции во 14 натпревари во Серија А и Лигата на шампионите.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×