Наинголан со нова глупост, го уловија како пуши на клупата за резерви (ФОТО)

by
1 минути читање

Популарниот
„нинџа“ однови си направи проблеми, минатата недела на кратко заврши зад
решетки и автомобилот му беше запленет откако полицијата го фати како вози без
возачка дозвола, а како ова да не беше доволно, Раџа Наинголан вчера беше
суспендиран од првиот тим на Антверп по глупоста која ја направи на дуелот против
Стандард.

Имено, пред
почетокот на натпреварот, камерите го уловија како пуши електронска цигара на
клупата за резерви. Фудбалерот се обиде да ја сокрие цигарата во ракавот, но димот
кој го испушти им беше видлив на сите.

Во Белгија има
забрана за пушење на стадионите, забраната важи и за електронските цигари, па
пристигнаа приговори и замерки од сите страни.

Антверп можеби до
сега му прогледуваше низ прсти на Раџа Наинголан за инцидентите кои ги правеше,
но сега мораше да реагира и да го казни контроверзниот фудбалер.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×