Низ медиумите
подолго време кружат гласини за продажба на Интер, а ваквите информации сега ги
потврди и угледниот „Фајненшл Тајмс“.
„Рејн Груп“,
банката која ја најми Роман Абрамович за да го продаде Челси, заедно со Голдман
Сакс добиле наредба да најдат нови газди на „нероаѕурите“.
Семејството Жанг
бара околу 1,2 милијарди евра и се говори дека интерес веќе пројавиле два фонда
од Америка и еден од Обединетите Арапски Емирати.
Останува да се
види дали ќе пристигне конкретна понуда во оваа висина, не се исклучува
можноста да биде продаден дел од акциите и семејството Жанг да добие партнер.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.