Куртоа: Кога видовме дека Манчестер Сити ја доби наградата за најдобар клуб, се погледнавме меѓусебе и се насмеавме

by
1 минути читање

Реал Мадрид изминатата сезона стана европски шампион, ја освои Ла Лига, Европскиот Суперкуп и шпанскиот Суперкуп, но тоа не беше доволно да биде најдобар клуб според „Франс прес“.

Наградата ја освои Манчестер Сити кој беше прв во Англија, а во Лигата на шампионите загуби токму од Реал Мадрид во полуфиналето. Втор беше Ливерпул, кој беше втор и во Англија и финалист во ЛШ.

Ваквиот исход предизвика многу реакции и на социјалните мрежи, но и меѓу присутните на гала свеченоста.

„Кога Манчестер Сити ја доби наградата за најдобар клуб, ние само се погледнавме и се насмеавме“, прокоментира Куртоа.

Тој смета дека како голман никогаш не може да ја освои Златната топка.

„Невозможно е јас како голман да ја освојам Златната топка. Освоив Ла Лига и Лига на шампионите, имав одлични одбрани и завршив само на седмата позиција. Барем измислија трофеј за најдобар голман“, вели Куртоа.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×