Мурињо откри што му рече на Станковиќ пред почетокот на мечот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Рома со 1-0 победи на гостувањето кај Сампдорија, а овој натпревар беше интересен и од друг агол. Еден против друг беа Мурињо и Станковиќ, двајцата кои со Интер ја освоија историската тројна круна.

Пред почетокот тие имаа срдечен поздрав, а Мурињо дури и го бакна Станковиќ по главата.

„Многу сум среќен што клуб кој навистина го сакам има тренер кој ми е како помал брат на мене, и се надевам дека и следната сезона ќе се видиме тука. Тим кој се бори како нив, кој е обединет и игра со интензитет, не може да испадне во Серија Б“, вели Мурињо.

„Тоа беше посебна прегратка со посебен човек. Не знам дали можам да ви кажам што му реков на него, но една од работите кои му ги кажав беше: „Се сеќаваш ли на тој луд гол кој го даде тука?“ Тој тогаш погоди од средината на теренот“.

„Тој ми рече дека се грижи за мене, јас му реков исто и ќе се сретнеме подоцна“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×