174
Тоа беше дуел меѓу Жозе Мурињо и неговиот поранешен играч од легендарниот тим на Интер, Дејан Станковиќ.
На натпреварот немаше многу возбудувања, единствениот гол беше постигнат од пенал во 9. минута. Пелегрини погоди од белата точка.
Во продолжението од мечот Рома имаше уште три големи шанси за гол, сите три во второто полувреме. Сампдорија не создаде ниту една сериозна шанса за гол.
Рома во ова коло ги помина Лацио и Удинезе на табелата и се качи на четвртото место.
Во следното коло Рома го пречекува Наполи кој нема ниту еден пораз досега оваа сезона.