Со 100 фунти си ќари 25.000, навивач бил убеден дека едно дете ќе дебитира за Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

Минатиот месец, 19 годишниот Чарли Мекнил доби шанса да дебитира во дресот на Манчестер јунајтед и одигра десетина минути против Реал Сосиедад во Лига Европа.

Ова беше горд момент за неговото семејство, а убаво се израдува и еден навивач.

„Го познавав семејството на Чарли, па доста го гледав како игра кога беше дете, и по еден натпревар, на сите им велев дека ме потсеќа на Џорџ Бест. Секако, сите ме се смееја, мислеа дека сум луд“ – раскажува фанот кој сака да остане анонимен.

Иако бил мета на мајтап, навивачот решил да ја покаже својата верба во младото момче, па во 2012 вложил 100 фунти дека Џарли Мекнил еден ден ќе заигра за „ѓаволите“.

Десет години подоцна, неговите прогнози се покажале точни, па сега си ќарил 25.000 фунти (коефициентот бил 251).

Навивачот може дополнително да се офајди откако вложил 100 фунти дека Чарли Мекнил еден ден ќе заигра и за Англија, а уплатил и 100 фунти дека ќе заигра за Манчестер Сити. Коефициентот за првиот облог е 51, додека за вториот е 151.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×