Наполи: Елмас се шегуваше, тоа што некои сфатија поинаку, не е наш проблем

by
1 минути читање

Елмас пред два дена објави стори на инстаграм и напиша: моја прва љубов – клупата,

Тоа беше сфатено како протест на македонскиот репрезентативец за неговиот статус во Наполи каде редовно седи на клупата, а во игра вообичаено влегува во текот на второто полувреме.

Но, спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли вели дека Елмас само се шегувал.

„Елиф беше извонреден минатата сезона со седум гола и пет асистенции и речиси секојпат влегуваше од клупата. Ние мора да му бидеме благодарни. Во моментов кога не може да помогне на теренот, сакаше само да се пошегува и ништо повеќе. Тоа што други поинаку го протолкуваа и лошо го прифатија, не е наш проблем“, изјави Џунтоли.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

×