Елмас пред мечот го искажа незадоволството што постојано е на клупата, но тоа не се промени денес. Тој во игра влезе во 71. минута на местото од Ндомбеле кога веќе беше поставен конечниот резултат.
Наполи создаде многу шанси за гол и чудо е што мечот беше неизвесен до самиот крај.
Болоња прва поведе, постигна гол преку Зиркзи во 41. минута за 1-0. Но само четири минути подоцна Жуан Жезус даде гол за израмнување на 1-1.
По четири минути игра во второто полувреме Лозано погоди за пресврт и водство на Наполи од 2-1, но две минути подоцна Бароу израмни на 2-2.
Сепак во 69. минута Осимен постигна гол за водство на Наполи од 3-2 што беше и конечен резултат.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.