Големото дерби меѓу Ливерпул и Манчестер Сити не понуди многу голови, но имаше големи возбудувања, на крајот трите бода останаа на Енфилд.
По шест минути игра во второто полувреме Салах излезе еден на еден со Едерсон, но голманот на Манчестер Сити со фантастична интервенција спречи гол.
Две минути подоцна Фил Фоден даде гол, но ВАР го поништи погодокот поради фаул од Ерлинг Халанд во акцијата при погодокот.
Во 76. минута Салах повторно излезе сам пред голот на Манчестер Сити, овојпат беше подобар од Едерсон и донесе водство и победа на Ливерпул од 1-0. Интересно, асистент за погодокот беше голманот Алисон.
Да не беше себичен Дарвин Нуњез, Ливерпул можеше да победи и поубедливо, но Уругваецот наместо да додаде до осамениот Салах, тој се обиде сам да завршува и погреши.
Од оваа победа на Ливерпул може да биде задоволен и Арсенал кој сега има 4+ бодови на врвот на табелата во Премиерлигата.