Реал Мадрид беше подобар противник и сосема заслужено дојде до победата, Барселона до финишот од мечот не создаде ниту една сериозна прилика, имаа само неколку можности во последните минути од натпреварот.
Резултатот беше отворен уште во 12. минута кога Винисиус биеше, Тер Штеген одбрани, но топката дојде до Бензема кој постигна гол за водство од 1-0.
Во 35. минута Феде Валверде постигна гол од далечина за водство на Реал Мадрид и од 2-0.
Барселона успеа да се врати во 83. минута кога Феран Торес постигна гол и намали на 2-1.
Но сите дилеми беа решени во 91. минута кога Родриго погоди од пенал за конечни 3-1.
По девет одиграни меча Реал Мадрид е прв со 25 бодови, Барселона е на втората позиција со три бода помалку.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.