Клоп провоцира пред дербито: Сити може да прави што сака, погледнете само што се случи летоска

by
1 минути читање

Јирген Клоп се пожали од финасиската моќ на Манчестер Сити, клуб зад кој стоjат Обединетите Арапски Емирати.

Запрашан како Ливерпул може да го задржи чекорот со „граѓаните“, кои четири пати беа шампиони на Англија во последните пет години, Германецот одговори: „Нема да ви се допадне одговорот, а и веројатно сите го знаете одговорот“.

„Никој не може финансиски да се носи со Сити“.

„Го имате најдобриот тим во светот и потоа како од шала го ангажирате најдобриот напаѓач кој е на трансфер пазарот, без разлика колку тој чини“.

Јирген Клоп мислеше на Ерлинг Халанд, за кого беа платени 60 милиони евра, но ако се земе во предвид платата на фудбалерот и провизиите за неговиот татко и агентот, зделката е тешка околу 300 милиони евра.

„Ние не можеме да се однесуваме така, тоа е невозможно“.

„Има три клубови во светот кои од финасиски аспект можат да прават што сакаат (Манчестер Сити, ПСЖ и Њукасл).

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×