Досега пет екипи го заверија пласманот во осминафиналето од ЛШ, Наполи, Баерн Минхен, Клуб Бриж, Реал Мадрид и Манчестер Сити.
Наполи е најубедлив, но најголемо изненадување е тимот на Клуб Бриж, никој не очекуваше дека белгискиот клуб ќе отиде во следната фаза, а не па дека тоа ќе се случи на две кола пред крајот.
Тоа што е уште поимпресивно е дека Клуб Бриж се уште нема примено гол. Мињоле прави чуда на голот, но големи заслуги одат и на адреса на неговите соиграчи кои не дозволуваат да бидат креирани многу шанси од страна на противниците.
Клуб Бриж по еднаш ги победи Порто, Баер Леверкузен и Атлетико Мадрид, со кој синоќа одигра и реми без голови на Ванда Метрополитано.
Беа аутсајдери во групата, но лесно се пласираа во нокаут фазата. Барем така изгледа според резултатите.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.