Со своите партии оваа сезона Милинковиќ-Савиќ повторно го навлекува вниманието на гигантите.
Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито неодамна рече дека цената на Србинот пораснала на 120 милиони евра.
Но, следното лето Милинковиќ-Савиќ ќе дојде на уште една година до крајот на договорот со Лацио, па Лотито веројатно ќе треба да прифати и помала сума од таа што ја кажа.
Агентот на Сергеј, Матија Кежман вели дека за иднината на неговиот клиент ќе се дискутира по Светското првенство.
„Сергеј има уште само 18 месеци од неговиот договор, ќе треба да дискутираме за неговата ситуација со Лацио по Светското првенство“, изјави Кежман.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.