227
Резултатот беше 0-0, Атлетико Мадрид бркаше победа, но во завршниот дел од натпреварот Диего Симеоне наместо да го стави Жоао Феликс се одлучи во игра да го внесе Аксел Витсел.
Феликс кога виде дека Симеоне ги направи сите пет замени, полуде на клупата.
Претходните четири меча Жоао Феликс ги почнуваше од клупата и на тие натпревари одигра вкупно 29 минути.
Според шпанските медиуми, Жоао Феликс сака да си оди од Атлетико Мадрид во јануари или по крајот на сезоната.
Тој е свесен дека Симеоне нема во брзо време да биде сменет, а нивниот однос е непоправлив, па сака да ја промени средината.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.