Фудбалерите на Интер уште синоќа можеа да ја пратат Барселона во Лига Европа, но голема е веројатноста тоа да се случи во следното коло.
За Барселона е голем неуспех да биде елиминирана од Лигата на шампионите уште во групната фаза.
Лаутаро Мартинез кој одигра одличен меч, по натпреварот на својот инстаграм профил објави неколку фотографии и напиша: „Срце, карактер, понизност. Напред Интер“.
Неговиот пост го лајкна Лионел Меси, а тоа не им се допадна на фановите на Барселона.
Лаутаро Мартинез е соиграч на Меси од аргентинската репрезентација, но постот се однесува на пораз на Барселона.
Lionel Messi likes Lautaro’s Instagram post. pic.twitter.com/RgQNJwn1pJ
— Barça Universal (@BarcaUniversal) October 12, 2022
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.