Мурињо: Научив помалку да плачам од порано

by
1 минути читање

Рома денеска гостува кај Бетис во натпревар од Лига Европа, тимот на Мурињо има три бода од три меча, па важно им е да останат непоразени во Севиља иако во последните две кола сами ќе си ја решаваат судбината.

Сите засилувања кои беа донесени летово во Рома, во моментов се повредени со исклучок на Белоти. Вајналдум е во аут од почетокот на сезоната, пред некое коло се повреди Челик, а на минатиот меч и Дибала.

„Кога зборувавме за Светското првенство пред четири или пет години, сите знаевме дека ќе има многу повеќе повреди оваа сезона и сега го живееме тоа“, вели Мурињо.

„Научив да плачам помалку од порано. Научив да живеам со реалноста. Може да кажете дека има премногу мечеви и богатите клубови се привилигирани. Има богати, сиромашни и помалку богати клубови. Сиромашните играат еднаш неделно, богатите можат да играат секој ден и да прават ротации во составот, а помалку богатите се најмногу во неволја бидејќи тие играат исто често како и богатите, но немаат опции за измени. Тоа е ситуацијата во која се наоѓам јас“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×