Интер одигра 3-3 на гостувањето кај Барселона, а во 94. минута можеа да дојдат и до триумф доколку Аслани не беше себичен и не ја пропуштеше огромната шанса.
Но и нерешениот е одличен резултат за Интер, доколку во следното коло ја победат екипата на Викторија Плзен во Милано, ќе го заверат пласманот во нокаут фазата.
„Честитки за момците, одигравме одличен натпревар против квалитетен противник. Создадовме многу шанси за гол, страдавме заедно кога се браневме и можеме да обезбедиме нокаут фаза на два меча до крајот, но се надеваме дека тоа задоволство на фановите ќе им го дадеме на мечот против Викторија Плзен“, вели Инзаги.
Интер особено беше добар во второто полувреме кога ги даде трите голови, а имаше шанси и уште неколку пати да погоди. Инзаги вели дека на полувремето на фудбалерите само им кажал да бидат смирени.
„Мора да имаме храброст и да не престанеме да играме. Креиравме многу шанси за гол, примивме погодок пред крајот на полувремето но им реков на момците на паузата да останат смирени бидејќи знаев дека ќе дојдат нашите шанси“.
„Ова реми можеше да биде победа и уште сега да обезбедевме нокаут фаза, но ќе гледаме да го направиме тоа во следниот натпревар. Сепак пред Викторија Плзен треба да се фокусираме на Салернитана и Фиорентина“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.