Барса е на прагот од елиминација во ЛШ, Чави вели: Ја имаме Ла Лига, Супер Купот, Купот…

by
1 минути читање

Барселона е пред елиминација во Лигата на шампиони откако пред своите навивачи одигра 3-3 против Интер. „Нероаѕурите“ можеа уште вечерва да ги решат сите дилеми, но два пати испуштија водство, а во финишот Аслани промаши зицер и математички ги остави „каталонците“ во игра.

„Лигата на шампиони е сурова со нас. Од Минхен, Милано па вечерва, заслуживме повеќе“ – вели Чави.

„Одигравме одлично во првото полувреме, на пауза заминавме задоволни, но во второто полувреме му дозволивме многу шанси на противникот, направивме сериозни грешки во одбрана и тие скапо се плаќаат во Лигата на шампиони. Не е само напад, треба да се игра и одбрана“.

„Многу грешки, не се браневме добро. Интензитетот беше одличен во првиот дел, но не го задржавме во продолжението од мечот“.

„Кога не можете да го победите Интер дома, не заслужувате да одите во нок-аут фаза“.

Чави потоа додаде: „Од утре треба да се фокусираме на дуелот со Реал Мадрид на „Ел Класико“, ќе се обидема да победиме во недела. Лигата на шампиони е комплицирана, зависиме од други, па мора да се фокусираме на првенството, каде сакаме да останеме лидери“. 

„Ја имаме Ла Лига, Суперкупот, Купот… мораме да продолжиме“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×