Анчелоти: Имате храброст да го прашате тоа… нема да ви одговорам

by
1 минути читање

Мбапе сака да си оди од ПСЖ, неговиот однос со раководството е нарушен откако наводно тие не исполниле работи кои му ги ветиле.

Природно, Реал Мадрид одново почна да се поврзува со Мбапе, но се верува дека овојпат кралскиот клуб нема да сака да го купи напаѓачот бидејќи тој наместо да отиде кај нив беспари, одлучи да го продолжи договорот со ПСЖ.

Сепак, Анчелоти синоќа беше прашан дали Мбапе ќе пристигне во Реал Мадрид во јануари, Италијанецот како да се навреди од прашањето.

„Дали Мбапе ќе дојде во јануари? Имате храброст да го прашате тоа… нема да ви одговорам“, рече Анчелоти.

„Нема потреба да ви одговорам“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×