Газдата на Лацио ја одреди цената на Милинковиќ Савиќ и испрати порака до Јувентус

by
1 минути читање

Популарниот СМС игра
во импресивна форма на стартот од оваа сезона (има три погодока и седум
асистенции во Серија А) и покажува дека е еден од најдобрите фудбалери од
средниот ред во светот.

Па одново се
вратија гласините за негов трансфер, оваа недела се пишуваше дека Јувентус ќе
тргне по потписот на Србинот во зимскиот преоден рок.

Сепак, веднаш се
огласи Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио порача дека цената на Сергеј
Милинковиќ Савиќ се зголемува секој месец.

„Немам договор со
Матеја Кежман (агентот на Милинковиќ Савиќ) да го продадам играчот на Јувентус
или некој друг клуб во јануари“
– вели газдата на „бјанкочелстите“.

„Вредноста и
цената на Сергеј Милинковиќ Савиќ расте од месец во месец. 100 милиони не
се доволни, тој сега вреди 120 милиони евра“.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×