Пиоли: Му кажав на судијата што мислам за него

by
1 минути читање

Пиоли својот бес по мечот го исфрли врз гераманскиот судија Даниел Зиберт, тој протестираше за одлуката која комплетно го промени мечот. Пеналот и црвениот картон на Томори.

„Натпреварот почна и имав чувство дека играме добро. Потоа црвениот картон и пеналот го променија натпреварот, против тим кој и онака е силен и не им е потребен екстра човек на теренот“, вели Пиоли.

„Не треба да ги гледам снимките, пеналот и црвениот картон беа прелесно свирнати. По мечот му кажав на судијата што мислам за него. Мојот англиски не е најтечен, но мислам дека ме разбра што му кажав“.

„Резултатот е негативен, но нашата судбина останува во наши раце. Ако сакаме да бидеме конкурентни и во Европа, треба да победиме на следните два натпревари, имаме шанси да го направиме тоа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×