Милан не можеше со 10 фудбалери, нова победа на Челси (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Челси ги освои трите бода и во вториот меч против Милан. Тимот на Пиоли денеска се надеваше на поинаков исход, но работите беа решени во 18. минута.

Томори направи фаул за пенал, му беше покажан и црвен картон, а Жоржињо беше прецизен од белата точка за водство на Челси од 1-0.

15. минути подоцна гол даде и Обамејанг и конечна победа од 2-0.

Ридигер во 95. минута го спаси Реал Мадрид од пораз на гостувањето кај Шахтар, натпреварот заврши 1-1. Домаќините водеа со гол на Зубков во 46. минута.

ПСЖ не успеа на свој терен да ја совлада Бенфика, натпреварот заврши 1-1. Мбапе погоди од пенал во 40. минута, и Жоао Марио со удар од белата точка донесе бод за Португалците.

1-1 заврши и мечот меѓу Динамо Загреб и Салцбург. Гостите имаа водство со гол на Сеивалд, Љубичиќ израмни на 1-1.

Адеми играше до 67. минута, Ристовски до 79. минута.

Лајпциг со 2-0 славеше на гостувањето кај Селтик, Борусија Дортмунд и Севиља одиграа нерешено 1-1.

Претходно Макаби Хаифа го победи Јувентус со 2-0, немаше голови на мечот меѓу Копенхаген и Манчестер Сити.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×