Ањели: Лут сум и засрамен, но Алегри останува тренер на Јувентус

by
1 минути читање

Јувентус игра во очајна форма во Лигата на шампионите но и во Серија А каде е на осмата позиција. 

Денешниот пораз од Макаби Хаифа им ја прави ситуацијата за осминафинале исклучително тешка и голема е веројатноста дека нема да се пласираат таму.

Навивачите бараат отказ за Алегри, но Ањели вели дека тој останува.

„Се чувствувам засрамено за тоа што се случува, лут сум, но исто така знам дека фудбалот се игра со 11 фудбалери и губите и победувате со 11“, вели Ањели.

„Во вакви ситуации не се работи за еден човек. Треба да се справиме со ова како цела група. Се чувствуваме засрамено и им се извинуваме на нашите фанови, бидејќи знаеме дека и тие мора да се чувствуваат засрамено кога одат по улица во моментов“.

„Алегри е тренер на Јувентус и ќе остане тренер на Јувентус“.

Ањели беше запрашан дали причината што не му даваат отказ на Алегри е обесштетувањето кое треба да му го исплатат.

„Не не, апсолутно не. Не може да биде вина на тренерот ако ние не добиеме ниту еден дуел на теренот“.

„Јувентус секогаш ги разгледува ситуациите на крајот на годината. Ретко се случува да дадеме отказ за време на сезоната и верувам дека така е исправно“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК


Можно е и ова да ти се допаѓа

×