Луис Кампос одговори на шпекулациите за Мбапе и за неговото евентуално заминување

by
1 минути читање

Спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос пред денешниот меч од Лигата на шампионите излезе јавно да ги негира гласините. Нешто што и се очекуваше.

„Мбапе никогаш не ми рекол нешто за заминување. Ја негирам таа информација“, вели Луис Кампос.

„Зборуваме со него, со Меси, Нејмар… сите се многу среќни што се тука“.

„Не е точно ниту тоа дека јас си заминувам од Париз. Многу сум среќен тука, имам тригодишен договор. Мојата мисија е да донесам важни трофеи во ПСЖ“.

„Дали Мбапе е среќен тука? Треба да го прашате него, тоа е сериозно прашање. Јас го гледам дека работи како вистински професионалец“.

Колку има вистина во овие зборови на спортскиот директор, ќе покаже времето.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК

Можно е и ова да ти се допаѓа

×