Килијан Мбапе
минатата недела повторно го крена гласот и објави стори на Инстаграм кое за
кратко време го избриша, напаѓачот се жалеше поради тоа што против Ремс играше во
форот и беше главен напаѓач.
„Кога се пресели
во ПСЖ играше како десно крило, потоа го префрлија на левата страна, сега играше
како централен напаѓач. Кога сте офанзивен играч, често ги менувате позициите.
Клубот е поголем и поважен од еден фудбалер“ – вели поранешниот француски
репрезентативец, Емануел Пети.
„Коментарите на
Мбапе покажуваат непочитување кон клубот, но и кон соиграчите. Со коментарите
тој не само што го напаѓа тренерот, но и дел од соиграчите. Ова е неприфатливо“.
„Слушаме гласини
како не биле исполнети ветувањата кои му биле дадени, но имам само да му кажам,
„Килијан, порасни, таков е животот“. Најголемиот дел од ветувањата не се исполнуваат,
но тоа не значи дека треба да престанеш да работиш и под знак прашалник да
ставиш се. Таков е живтот, таков е животот на возрасните. Колку побрзо ги реши
проблемите кои ги има со самиот себе, толку побрзо ќе ги подобри перформансите
на теренот и односот со соиграчите“.
„На сите им е
преку глава, постојано ги прави работите лични, се става пред клубот“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.