21 годишниот Габриел Мартинели
прикажува одлични партии на стартот од новата сезона па Арсенал сака да го награди
со нов договор.
„Топчиите“ сметале
дека условите од актуелниот договор не соодвестуваат со настапите на
Бразилецот и тој заслужува покачување, но биле шокирани откако Габриел Мартинели побарал три пати повисоки
примања.
Офанзивниот
фудбалер во моментов заработува околу 70.000 фунти неделно, и за да остане
верен, побарал 200.000 неделно, односно да му се придружи на Габрил Жесус како еден од
најплатените во клубот.
Раководството на
Арсенал верувало дека двојно зголемување на платата ќе биде доволно за да се
продолжи соработката, па сега се прават нови математики.
По победата над
Ливерпул, Габриел Мартинели изрази желба да остане во Северен Лондон и тоа е добар
знак дека ќе биде најден компромис.
„Секако дека
сакам да останам. Преговараме. Ајде да видиме што ќе се случи, но секако дека
сакам да останам“ – рече Бразилецот.
Актуелниот
договор на Габриел Мартинели е со трајност до јуни 2024, Арсенал исто така има
оцпија да го продолжи за една дополнителна година. Во последно време се шпекулира
дека Челси ја мониторира ситуацијата на напаѓачот и сака да го донесе во своите
редови.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.