Хари Кејн летото
во 2021 изрази желба да ја промени средината, Манчестер Сити се обиде да го
ангажира, но Тотнем постави висока цена од 150 милиони фунти и трансферот
никогаш не се реализираше.
Една година подоцна,
„граѓаните“ за три пати помалку (околу 51 милион фунти) го ангажираат Ерлинг
Халанд, кој прикажува импресивни партии и веќе има постигнато 15 погодоци во
Премиерлигата.
„Кејн ќе беше брилијатен
во Манчестер Сити, сигурно сега плаче кога гледа што прави Халанд, барем јас
тоа би го правел. Си велите, „Тоа можев да бидам јас““ – вели Рио Фердинанд.
„Не знам што се
случи и зошто еден таков трансфер не се реализираше, но кога гледате како се
одвива сезоната, Кејн сигурно си мисли, „Погледни што прави Сити, погледни го
што прави Халанд, ги јаде противниците. Јас можев да бидам напаѓачот кој требаше
да ги завршува сите тие акции и шанси““..
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.